Љубов и Секс

3 типа на жени со кои мажите не можат долго да издржат во врска

3 типа на жени со кои мажите не можат долго да издржат во врска

Постојат три типа на жени со кои ниту еден маж не може долго да издржи во врска од причини кои им се јасни на сите освен на нив. Проверете дали сте меѓу нив.

Разгалени принцези

Таквите жени мислат дека светот се врти само околу нив и дека сите треба да им бидат на услуга, вклучително и партнерот, кого го третираат како слуга. Се разбира, тие никогаш нема да направат ништо за другите, бидејќи мислат само на себе. Знаат да бидат љубезни и драги кога сѐ е по нивно, но ако нешто не им се допаѓа, умеат да направат скандал.

Кралици на драмата

Со ваквите жени е невозможно да се опуштите бидејќи тие се како темпирани бомби кои се способни да експлодираат и од најмалите детали, без разлика каде се наоѓаат. На никој не му е пријатно да биде во нивно друштво, а камоли во љубовна врска со нив.

Искомплексирани

Можеби најтешко е да се биде во врска со жена на која мажот треба секој ден да ѝ потврдува дека е убава и згодна затоа што таа самата не е свесна за тоа. Жените кои се искомплексирани со својот изглед во врската обично се многу љубоморни на пријателите или колегите на партнерот, особено на оние кои изгледаат подобро од нив.

извор: попара.мк

To top