е повеќе жени се жалат на недостаток на желба за секс кај партнерот, но треба да бидете свесни дека не секогаш е проблемот во вас.
Општо познато е мислењето дека мажите не сакаат да водат љубов со партнерката, бидејќи веќе не им е привлечна. Иако понекогаш токму тоа е проблемот, во повеќето случаи тоа нема врска со вистината, пренесуваат медиумите.
Ова се четирите најчести причини зошто вашиот партнер не сака да има интимен однос со вас.
- Работата е неговата љубовница
Мажите се приврзани за својата работа, а за некои тоа е чувство на страст што треба да го покажат кон партнерката.
За нив пофалбите и промоцијата можат да бидат подеднакво задоволувачки како и совршениот сексуален однос.
- Ги зема работите во свои раце
Едноставно не сака да иницира секс, па буквално ги презема работите во свои раце, пишува психологот Лори Вотсон.
Гледањето порно содржини е остварување на неговите фантазии, бидејќи тие се брзи и ефикасни методи за постигнување оргазам.
- Страв од еректилна дисфункција
Сите споменати состојби на мажот можат да му пречат повеќе отколку што можете да замислите.
Грижата, фрустрацијата и непријатноста може да доведат до намалување на сексуалната желба кај мажот.
- Страв од одбивање
Еден пациент на терапија открил дека има три аспекти на неговата сексуална желба.
Првата е онаа на млад човек кој се плаши да и пријде на жена и да иницира секс.
Вториот став е на малку постар млад човек кој мисли дека сексот е понижувачка работа за една жена.
Третиот би можел да се нарече став на „пештерски човек“ – тој е секогаш гладен и желен за секс.
Тој изјавил дека првите двајца секогаш се совладани од третиот, што му е тешко да разговара со партнерката, односно да признае колкава е неговата желба.
извор: попара.мк