Радио Милева љубовта стара, не се заборава...

На Драгана Катиќ – водителката на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, овој некогаш познат пејач и бил голема љубов (ФОТО)

На Драгана Катиќ – водителката на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, овој некогаш познат пејач и бил голема љубов (ФОТО)

Пејачот на  некогаш мегапопуларната група „Дивљи кестен“, која жареше и палеше во 90-тите години, Игор Старовиќ отсекогаш, а особено тогаш  беше миленик на понежниот пол.

Во една популарна ТВ емисија се присети на тоа време, иако, како што вели, било оддамна,  малкумина знаат дека на неговиот шарм паднала и водителката Драгана Катиќ која денес го води популрното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Беше навистина многу оддамна, едвај се сеќавам, но Драгана е прекрасна личност, вистинска дама, одлична пријателка. Таа приказна што ни се случи беше пред повеќе од дваесет години, но не се заборава“ – се присети Игор, иако како што вели тоа биле тешки времиња.

Тој признава дека тогаш се работело многу повеќе, па и двајцата имале малку време да се посветат еден на друг.

„Секој ден се правеше нешто, ако нема свирка, тогаш има ТВ настапи, но без разлика на тоа, јас навистина ги имам најубавите спомени со Драгана од тоа  време“- беше искрен тој и додаде дека околностите биле такви што не можело нивната емотивна врска да опстане.

Фото: Јутјуб/ТВ Гранд и Интсграм принтскрин/dragana_katic

To top