За добар брак неопходно е и двете страни да покажат многу љубов, труд и внимание.
Не е точно мислењето дека мажите одлучуваат да стапат во брак само поради две работи – редовно задоволување на интимните потреби и желбата секогаш да имаат чист дом и домашна храна.
Имено, мажите исто како и жените имаат емотивни потреби и желби да бидат почитувани и сакани.
Бракот пред сè бара посветеност од двете страни. Улогата на мажот во бракот, како и неговите ставови поврзани за заедничкиот живот, главно се погрешно претставени.
Психолозите тврдат дека за мажите овие две работи се клучни во брачната заедница:
1. Немојте да го менувате
На почеток од односот сè е прекрасно и бајковито, ништо не ви пречи кај партнерот и сте ги прифатиле и неговите маани. А, потоа поминува одреден период или ќе потпишете документ со кој се заколнувате на вечна љубов, па нешто почнува да се менува.
Одеднаш повеќе не ви годат неговите пријатели, начинот на кој се облекува, работата со која се занимава. Звучи познато, зар не?
Секако, пожелно е на вашиот партнер да му сугерирате за неговите грешки, но желбата да го промените не е добра. Мажите ја гледаат жената како поддршка и рамо на кое секогаш ќе можат да се потпрат.
2. Личен простор
Сите ние сакаме да имаме време само за себе. Тоа не е себично, тоа е потреба на секој човек. Мажите многу се разликуваат од понежниот пол.
Жените често имаат потреба веднаш да раскажат и да споделат работи со својот партнер, додека пак мажите често сакаат да се изолираат и сами да поминат низ одреден дел од животот.
Мажите од жените очекуваат разбирање, дури и во оние денови кога многу грешат. Веруваме дека некогаш е тешко да ги разберете, но не е тешко да се обидете да го направите тоа.
извор: точка.мк