Еден корисник на „Reddit“ ги замолил разведените луѓе да откријат што би можело да го спаси нивниот брак.
Некои од одговорите се навистина емотивни, ова се дел од нив:
„Да бев свесна дека бракот треба да биде „ние“, а не „јас против него“. Ми требаше одредено време да ја научам таа лекција, но во вториот брак ја положив“.
„Требаше да одиме на брачни терапии и да бидеме чувствителни на проблемите и борбата на оној другиот“.
„Комуникација. Не ми кажа дека била несреќна две години, а јас не знаев ништо за нејзиното незадоволство додека не бакна друга личност. А, тогаш веќе беше доцна, не сакаше повеќе да работи на нашиот однос“.
„Претходно патував надвор од земјата 150-200 дена годишно поради работа.Со недели не бев дома, а тогаш кога ќе бев дома, не бев присутен поради тоа што бев премногу изморен. Пронајде нови интереси надвор од бракот“.
„Да разговаравме редовно за финансиите и заедно да создававме финансиски планови“.
„Да знаевме дека бракот не е 0-50, туку 100-100“.
„Требаше да чекам долго за да се венчам. Мојот поранешен сопруг ми беше најдобар пријател, но не требаше да се венчаме. Требаше едноставно да останеме пријатели. Потоа сфатив дека чекањето не значи ништо доколку си со вистинската личност“.
„Навреме да препознаев дека постојано сака да го контролира моето однесување и мојот живот. Не бевме добри еден за друг, не станавме подобри личности еден за друг. Се плашев кога се лутеше, па ми беше тешко да бидам свој и трпев многу за да избегнам кавга“.
„Апсолутно ништо. Се венчавме млади, а осум години подоцна бевме различни луѓе кои никогаш не би разговарале доколу се сретнеле тогаш. Некои бракови не треба да траат“.
извор: точка.мк