Љубов и Секс

Експертите одговараат: Важен фактор без кој љубовната врска и(ли) бракот не можат да опстојат

Експертите одговараат: Важен фактор без кој љубовната врска и(ли) бракот не можат да опстојат

Психологот Питер Петерсон којшто во Калифорнија го води Институтот за парови и кој цела своја кариера ја посветил во решавање на љубовните проблеми тврди дека само една работа е потребна за стабилна и успешна врска.

Тоа се – темелните вредности. Поточно, важно е со вашиот партнер да ги споделувате истите темелни вредности.

„Темелните вредности се поважни од возбудата која ја чувствувате кога запознавате некого и со кој споделувате чувство на привлечност поради што хормоналната реакција со текот на времето ќе избледне, а заедничките вредности опстојуваат“, вели д-р Петерсон.

Тој исто така вели дека интересите можат да бидат и предмет на компромис, но не и вредност.

На пример, доколку сакате викендот да го поминете во природа, а вашиот партнер сака да останете дома и да правите вечера за пријателите, компромисно може да се договорите дека тој викенд може да ја исполните неговата желба, а следниот вашата.

Меѓутоа, доколку вие сакате деца, а вашиот партнер ја одбива таа идеја, тоа е прашање на темелните вредности кое може да доведе до проблеми во врската.

Поради тоа важно е при впуштање во љубовната врска да внимавате на своите вредности, но и вредностите на личноста за која сте заинтересирани, за во иднина да не дојде до судир на вашите светови.

извор: кармин.точка.мк

To top