Според досегашните резултати од истражувањата, најчестите причини за развод се неверството и семејното насилство, но има и многу други промени кои може да влијаат на тоа.
Досега се направени најразлични истражувања за причините за развод. Резултатите покажуваат дека помала е веројатноста да се разведат парови кои се венчале во доцните дваесетти години, односно паровите кои се со мала разлика во годините.
Според студија на разведени парови, ова се најчестите причини поради кои се оддалечиле од партнерот додека биле во брак.
Кои се најчестите причини кои доведуваат до разделба?
Стрес
Секојдневниот стрес е меѓу најчестите причини за развод кај многу парови. Стресот доведува до психичко и физичко малтретирање, неверство, вљубување во друга личност.
Лоша комуникација
Во една врска клучни се комуникацијата и емоционалната поддршка меѓу партнерите. Поради неспособноста за комуницирање, едниот од партнерите може да се чувствува запоставено.
Љубомора
Да се биде љубоморен во љубовна врска никогаш не е добро, поради тоа и двајцата партнери ќе бидат несреќни. Со љубомората излегува недовербата на површина и се нагласуваат негативните аспекти во врската.
Останувате заедно од погрешни причини
Кога ќе останете со некого поради погрешни причини тоа доведува до многу проблеми. Се разбира дека не сакате да бидете сами, но има ли смисла да бидете со некој кој всушност не ве интересира или сте во брак само поради децата(што е многу погрешно)? На тој начин само ќе го зголемите чувството дека сте заглавени во времето.
Оддалечување
Кога ќе почувствувате дека нашиот партнер се оддалечува, најважно е да се обидете да најдете решение за проблемот и која е причината за тоа.
Чувството дека партнерот не ве сака
Кога не се чувствувате сакано од партнерот тоа е како ништо повеќе да нема смисла. Се прашувате што се случило со личноста во која сте се вљубиле и зошто работите се променети. Тоа може лесно да доведе до разделба.
извор: кајгана