Веројатно најголемата мистерија на денешницата е како долгогодишните љубовни врски се распаѓаат после само неколку месеци брак.
Иако со години врската функционира, бракот не може да издржи ниту 1 цела година. Зошто?
1. Недостаток на чувство за обврзување
Бракот прави да го земете партнерот здраво за готово и потребата да го освојувате и усреќувате повеќе не ви е приоритет.
2. Бевте претерано страствени на почетокот од врската
Доколку направите апсолутно сè што може да се направи за неколку месеци или години, не очекувајте успех на љубовната врска.
Бракот не може постојано да е возбудлив и недостатокот на постојан адреналин ќе ве разочара и натера да се откажете.
3. Не се работи за љубов
Луѓето во долгогодишните врски честопати љубовта ја заменуваат со комфор и остануваат таму бидејќи им е удобно.
4. Потребите се менуваат
Како што луѓето се менуваат низ годините, така се менуваат и нивните потреби, приоритети и фокусни точки. Промените се неизбежни, но не секоја љубов може да ги претрпи.
5. Едноставно „дошло времето“
Нема ништо полошо од брак базиран на реченицата „дојде време да се смириме и вдомиме.“
6. Се открива нова страна од партнерот
Нелојалноста, неискреноста, проблеми со пари, несигурност и претерана посесивност се главните особини кои се откриваат дури во брак, кога сте 24 часа заедно.