Зошто жените сакаат помлади мажи? Зошто секоја жена во 50-те би сакала да поминува време со 23-годишник? За што зборуваат?
Овие, а и многу други прашања постојано се појавуваат кога во јавноста ќе се појави таков пар, а всушност воопшто не е комплицирано…
Ако светот на познатите нѝ покажа нешто кога се љубовните односи во прашање, тоа е дека љубовта не се гледа по годините – некои од најсреќните парови во светот имаат голема разлика во годините.
Па така, во најсреќните холивудски парови спаѓаат Џорџ Клуни и неговата 17 години помлада сопруга Амал, Џеј Зи и 12 години помладата Бијонсе, Џејсон Стејтам и две децении помладата манекекна Роузи… Меѓутоа, постојат и многу парови во кои жените се тие кои се постари, па така бескрајно среќни се и Џојсон Момоа и 12 години постарата Лиза Бонет, додека разликата помеѓу Хју Џекман и Дебора Ли Фурнес е една година поголема.
Дури 35 години разлика се и францускиот претседател Емануел Макрон и неговата постара сопруга Брижит, а нивната контроверзна приказна почнала кога тој имал само 15 години и бил нејзин ученик.
Зошто жените толку ‘паѓаат’ на помлади мажи? Ова се само некои од причините, а последната е најважна.
1. Мажите на нејзина возраст не се толку атрактивни.
2. Има повеќе искуство, што е сепак предност во било кој однос.
3. Може да преземе иницијатива во кревет и го прави тоа што најмногу ѝ одговара.
4. Повеќето мажи на нејзини години се веќе во брак.
5. Сака повторно да се почувствува млада.
6. Ужива во возбудата која со себе носи врска со помлад.
7. Ѝ се допаѓа што може да биде во финансиска предност над партнерот.
8. Помладите момци се позабавни.
9. Помладите момци пружаат поголема возбуда во спалната соба.
10. Го храни своето его и сака да докаже дека и понатаму е атрактивна.
А тука е и најважната причина:
11. Ѝ се допаѓа, тоа е нејзин живот и нејзиниот избор не засега никого освен неа.
извор: точка.мк