За да биде жената навистина среќна во врска таа би требало да биде поубавата половина од парот, покажаа некои студии.
На порталот Bright Side се сложуваат со тоа, па напишаа и листа со одговори на прашањето зошто помалку привлечните мажи се повеќе посакувани.
Еве што велат:
1. Жената ќе се чувствува попријатно во својата кожа
Истражување покажа дека жените со поатрактивни партнери почесто држат диета и многу се мотивирани во тоа. Не значи дека тоа е лошо, но мотивот за тоа не би требало да биде затоа што имаат партнер којшто изгледа подобро од нив.
Ако жената сака да ослаби и да ја подобри линијата за да биде во чекор со другите тоа укажува дека не се чувствува добро во своето тело, што може да има последици на нејзината самодоверба па да доведе до депресија.
2. Понеубавите мажи ќе вложат дополнителен напор за да ја импресионираат партнерката
Помалку атрактивните мажи повеќе ќе се трудат да ја задоволат партнерката. Свесни се дека не изгледаат совршено па настојуваат тоа да го надополнат со подароци, одење на романтични одмори или со помагање околу секојдневните обврски.
Поточно, ќе се трудат постојано да го одржуваат пламенот во врската поради што жената ќе се чувствува ценето и врската ќе има поголеми шанси за успех.
3. Помала е веројатноста дека ќе изневерува
Помалку атрактивните мажи нема да предизвикаат големо внимание кога ќе се појават некаде што обично значи дека се помалку изложени на разни искушенија. Со помалку прилики помали се шансите да застранат некаде, а поголеми се приликите да останат верни.
4. Тие се смешни, шармантни и романтични
Со оглед на тоа што не се навикнати да привлекуваат потенцијални партнерки со физичкиот изглед, развиваат други позитивни особини кои им помагаат да бидат освојувачи. Можеби нема да ги памтите по изгледот, но нивниот карактер е нешто сосем друго.
5. Целосно се фокусирани на односот
Помалку се фокусираат на сопствениот изглед и привлечноста, повеќе внимание посветуваат на партнерката којашто е центар на нивниот фокус.
Истражување покажа дека физички попривлечните мажи се помалку задоволни со нивниот однос и помалку ја поддржуваат партнерката. Ако партнерот не е посветен да ве ислуша, ако не сте му приоритет, тогаш таквата врска може да заврши лошо.
извор: кајгана