Дури и најсамоуверените жени понекогаш грешат и тоа е во ред сè додека работите на себе и на изградбата на интимниот однос. Што е тоа што најмногу ги кочи жените во сексот?
1. Чекаат да бидат расположени за секс
Повеќето жени не чувствуваат копнеж додека нешто не ги поттикне на секс како бакнежи, допири и слично.
„Предиграта, па и самите допири го активираат телото да испрати порака до мозокот за интерес за секс“, вели американскиот лекар Скот Халцман.
„Дури и ако не сте подготвени за самиот чин, на пример не сте доволно влажни, тоа не значи дека не сте сексуално возбудени. Во тој случај може да помогнат лубрикантите“, советува психијатарот Меделин Кастеланос за WebMD.
2. Ги ставаат личните потреби на второ место
Насочувањето на енергијата во задоволување на партнерот нема да ве направи подобра љубовница, туку помалку среќна. Сексот е време кога треба да мислите и на себе и да уживате.
„Биолошки, жените се предодредени да ги ставаат своите потреби пред туѓите. Но, тој инстинкт треба да го отфрлат кога станува збор за сексуалниот живот. На жените им треба повеќе време да се возбудат и да доживеат оргазам“, објаснува Кастеланос.
3. Се обвинуваат себе кога партнерот има проблем
И мажите понекогаш не се расположени за секс или едноставно не можат да постигнат ерекција.
„Стресот и депресијата влијаат на машкото либидо еднакво како и на женската желба“, вели Халцман.
4. Не фантазираат
Паровите кои се долго време заедно може да доживеат период на досаден секс. Тоа е затоа што престанале да фантазираат. Посебно жените се ограничуваат во тоа бидејќи чувствуваат дека е погрешно.
Сепак, нема ништо погрешно во тоа да фантазирате за секс и за различни секс сценарија.
извор: кајгана