Ако зборуваме реално, повеќето луѓе сметаат дека токму мажите се тие кои во најголема мера иницираат секс.
Се разбира, има такви случаи, но исто така и жените го прават тоа.
Најновата студија покажала дека 75 отсто од жените сакаат секс најмалку трипати неделно. Од дури 5.000 испитани жени, 46,8 отсто се задоволни со својот сексуален живот, додека 53,2 отсто сакаат да имаат почести сексуални односи.
Кога станува збор за оргазмот, околу 38,6 отсто од жените го доживувааат барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив често, а 16,2 отсто повремено, додека 10,2 отсто имаат редовни повеќекратни оргазми. Дури 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазми за време на сексот со партнерот, а само 2,8 отсто никогаш.
Студијата потврдила и дека на жените за добар секс им е најважна емоционалната поврзаност, односно постоење на взаемни чувства.
Тоа го сметаат дури 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив предиграта ја гледаат како клуч за сè.
Како останати факти се наведуваат, комуникација (10,4 отсто), редовна сексуална активност (7 отсто), воведување новитети и разновидност (4 отсто).
Се покажало и кои негативни фактори најмногу влијаат на сексуалниот живот на жените:
Стрес (39,2 отсто), лоши односи со партнерот (28,2 отсто), несигурност поради физичкиот изглед (20 отсто) и грижата за мали деца (11,8 отсто).
извор: точка.мк