Истражувачи проучуваа во кое време од денот луѓето се сексуално возбудени и открија дека постои огромен јаз меѓу мажите и жените.
Lovehoney анкетираше 2.300 Британци, а вкупно 70% од жените рекле дека биле со некој кој имал целосно поинаков нагон за секс, благодарение на времето.
Според резултатите, мажите најмногу сакаат утрински секс, во период меѓу 6 и 9 часот наутро. За разлика од нив, жените сакаат вечерна забава, најрасположени се меѓу 23 часот навечер и 2 часот наутро.
Истражувачите се потрудија да го најдат најдоброто време за утрински и вечерен секс, па заклучија дека најдобро е да имате секс во 7:54, односно 23:21 часот.
„Постои мислење дека женското либидо е комплицирано, но многу од тоа е од психолошка природа и обично нема врска со партнерот. Повеќе станува збор за женската перцепција на самата себе“, вели д-р Алисон Хил од болницата Good Samaratian во Лос Анџелес, пишува Sun.
Според тоа, ако сакате да го фатите партнерот во вистинското време, би можеле да наместите аларм на горе наведеното време и да видите што ќе се случи.
„На сексот му велиме почесто ‘не’ од вас, но не затоа што либидото ни е ниско. Тоа е затоа што не сме добиле дозвола за истражување на нашата „валкана “ страна како вас. Отстранете ги културните ограничувања и жените би биле луди. Покрај еден услов, сексот мора да биде еротски и возбудлив, ако е досаден ќе се свртат кон ѕидот. На жените им треба интересен, еротски секс и за него ќе бидат спремни“, вели Трејси Кокс, експертка за секс.
извор: кајгана