Изминатиот викенд во Скопје се одржа деветтото издание на настанот „Прв до врз“ кој го организира здружението за спорт и рекреација од Скоипје кое го носи истото име.
До врвот на Водно се случуваа трки во најбрзо искачување, планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, и тим-билдинг трка за компании.
Меѓу учесниците беше и познатата ТВ водителка Ирена Спировска заедно со нејзиниот партнер Душко.
Добро познато е дека Ирена го живее животот со полни гради посветеност на спортскиот начин на функционирање, па овој настан беше како создаден за неа.
Со спортската комбинација која ја облече од хеланки и краток топ, Ирена покажа дека има „камен“ тело како тинејџерка.
Иако е во петтата животна деценија, на Ирена со ваква линија тешко кој би и ги дал годините што ги има, а за изгледот би можеле да и позавидат и многу помлади од неа.
Кога ќе се спојат, спортот, природата и љубовта во пакет, тогаш блескањето на ваквиот изглед и позитивна енергија се неизбжни.