Леора Фрајдберг и Стивен Стерн, економисти од универзитетот Вирџинија во САД, во склоп на Националното истражување на семејства и домаќинства спровеле студија на 4242 брачни пара.
Тие им поставиле 2 прашања, па провериле во каква состојба е нивниот однос 6 години подоцна. Прашањата биле следните:
1. Колку сте среќни во бракот во однос на тоа колку би биле среќни доколку не сте во брак?
Понудените одговори биле – многу малку, малку, исто, повеќе, многу повеќе.
2. Што мислите, како вашиот сопружник одговори на ова прашање?
„Идејата на љубовта е да ве усреќува и самиот факт дека вашиот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам да завршувам повеќе домашни обврски, што донекаде ја намалуваат мојата лична среќа, но тоа да се надомести со фактот дека мојот партнер има корист од тоа, односно дека е посреќен“, вели Фрајдберг и додава дека се чини дека многу парови не му придаваат важност на тоа.
Само 40,9 отсто од паровите кои учествувале во истражувањето, успеале да го предвидат одговорот на партнерот. Дури четвртина од испитаниците покажале сериозна разлика во перцепцијата за среќа како брачен пар.
Паровите кои признале дека не би биле ништо помалку среќни да не се во брак или оние кои погрешно претпоставиле како одговорил нивниот сопружник на првото прашање, почесто се разведувале, пренесува „Your Tango“.
извор:точка.ком.мк