Секој кој што бил во релативно долга врска знае по некое време да престане да се труди да изгледа и да се однесува идеално, а токму тогаш почнуваат да се покажуваат и оние работи кои што ги правиме кога сме сами дома.
И мажите и жените се прифаќаат едни со други како „обични“ суштества, а со текот на времето доаѓа и до запознавање на секој сегмент од нечиј живот.
И, тоа е целосно во ред! Сепак, некои долгогодишни партнери откриле што особено им пречи кај другиот партнер.
Мажите во една анкета откриле работи кои што ги прават нивните девојки или сопруги, а нив истото не им годи.
Ова се најдобрите одговори:
1. Во јавноста си ги „стиска“ акните, на пример пред огледало во лифтот. Ужас!
2. Мојата поранешна девојка оставаше тампони и влошки замотани во тоалетна хартија во ВЦ школката, наместо да ги фрли во корпата за отпадоци.
3. Испушта гасови пред мене.
4. Ги отстранува влакната на брадата пред мене.
5. Мојата поранешна девојка сè уште ги грицкаше ноктите. Тоа секогаш ми беше одвратно.
6. Фрлаше ѓубре по својот автомобил и оставаше полупразни амбалажи со остатоци од храната, а истата по подолго време почнуваше да смрди.
7. Шета босонога по градот. Не знам како не ѝ се гади тоа.
8. Само понекогаш ги миеше рацете откако ќе извршеше мала физиолошка потреба во тоалетот.
извор:кармин/точка.ком.мк