А вие, што прво забележувате кај мажот?
Па, секако, прво го забележувате целокупниот физички изглед.
Но, дали забележувате нешто посебно?
Многу жени ќе речат дека гласот обично го забележуваат прво, особено кога е длабок и доминантен, бидејќи тој може целосно да го засени остатокот од изгледот на мажот, па дури и да го смени целокупниот впечаток на подобро.
За жените, мажите со подлабок глас изгледаат секси, моќно и самоуверено.
Дамите сакаат високи мажи, бидејќи со нив се чувствуваат побезбедни. Овој вид на размислување, односно чувството е охрабруван уште од античко време.
Истражувањето на Универзитетот во Јута покажа дека претпочитањето на повисоките мажи датира од камено време, бидејќи и тогаш се сметало дека повисоките мажи ќе ги штитат полесно отколку пониските.
Ако длабокиот глас и висината се надополнети со брада, тогаш добиваме непобедлива комбинација.
И, иако ретко кога жената ќе противречи на висината и длабокиот глас, како клучни физички квалитети, за брадата дефинитивно ќе се дискутира повеќе.
Сепак, според повеќето истражувања, повеќето дами, сепак, претпочитаат кога мажите имаат брада, отколку кога лицето им е избричено.
извор:попара.мк