Секојдневните обврски, грижата за децата или за болните родители се само некои од причините што ја убиваат желбата за секс кај жените.
Во едно истражување од 2008 година во кое учествуваа 30.000 Американки, докажано е дека 15% од жените на возраст од 45 до 64 години и 11% жени на возраст до 44 години имаат проблеми со ниско либидо.
Кои се најчестите причини?
Хормонални промени за време на менструалниот циклус
Хормоните како што се естроген, тестостерон и прогестерон се менуваат во текот на менструалниот циклус, а ова може да влијае на сексуалната желба.
Можеби ќе забележите дека имате голем сексуален нагон во средина на циклусот додека овулирате. Ова се случува бидејќи нивото на прогестерон расте по завршувањето на овулацијата бидејќи вашето тело се подготвува за менструација.
Хормонска контрацепција
Таблетите за контрацепција се поврзани со ниско либидо. Овие таблети го намалуваат нивото на тестостерон во телото, клиторисот може да биде почувствителен, па затоа не може да уживате за време на сексот.
Антидепресиви
Антидепресивите може да ја намалат вашата желба за секс. Тие го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот, но високото ниво на серотонин може да влијае на вашата сексуална желба – ќе бидете незаинтересирани за секс.
Дијабетес
Дијабетесот може да го намали вашето либидо, особено ако нивото на шеќер не е стабилно. Ако дијабетесот не е под контрола, тогаш нема да чувствувате потреба за секс.
Депресија
Депресијата влијае на лидибото бидејќи може да предизвика сериозни симптоми.
Жените коишто се под стрес поради работата, децата и секојдневните проблеми исто така имаат проблеми со либидото бидејќи стресот го зголемува лачењето на кортизол при што се намалува тестостеронот и естрогенот.
Кардиоваскуларни болести
Болестите на срцето го намалуваат протокот на крвта низ телото, вклучувајќи ја и вагината и вулвата.
извор: Кајгана