Дали сте подготвени да пробате нешто ново?
Ако сакате да ја зголемите интимноста во врската и да го унапредите сексот, постои едноставен трик што можете да го примените во кревет.
Како што сугерира сексологот Тејлор Спаркс, направете нешто невообичаено: оставете му ја целата контрола во креветот на вашиот партнер!
А, тоа значи: тотална контрола на она што се случува за време на сексот е во рацете на вашиот партнер и тој одлучува што и кога ќе се случи.
„Нека ве водат во насока за која мислат дека ќе ви донесе најголемо задоволство“, советува Спаркс.
Клучната работа тука е довербата во партнерот, а можеби тоа чувство на губење контрола нема да биде пријатно за многумина, а како што покажуваат истражувањата, ова особено важи за мажите.
Вашиот партнер е апсолутен господар: тој одлучува како ќе го придвижите вашето тело, во каква позиција ќе бидете, дали ќе доживеете оргазам…
Од друга страна, единствена задача ви е да се опуштите, да престанете да размислувате за задоволување на вашиот партнер или да се прашувате дали сте добри во креветот – важно е да си дозволите целосно да се препуштите на уживањето создадено од вашиот партнер.
„Кога ќе се откажете од контролата и ќе му ја препуштите на вашиот партнер, вие исто така му ја пренесувате својата енергија на него, што само дополнително ја зајакнува вашата врска“, објаснува Спаркс.
„Повеќето луѓе сакаат да бидат во позиција на личност која ја има контролата во свои раце. Затоа е многу важно паровите да зборуваат отворено пред да се впуштат во такви „игри“, истакнува Спаркс.
За дополнително да ја зачините оваа приказна, можете да додадете неколку многу интересни детали – размислете за врзување (хм, кој рече лисици), одложување на оргазам или негирање кулминација и што е со сетилното лишување (врзани очи, на пример).
За двете страни е важно да знаат што сакаат, како и да се договорат за сигурен збор што прекинува сè доколку ситуацијата стане премногу непријатна за некого.
„Практиката на откажување од контролата ќе ви овозможи и вие и вашиот партнер да доживеете нови форми на сексуална екстаза, кои ќе ве поврзат уште повеќе“, заклучи Спаркс.
извор: попара.мк