Радио Милева „Девојка која сонува“

Битолчанката од „Ѕвездите на Гранд“ која беше пофалена од Карлеуша се разголи и ги откри бујните атрибути (фото)

Битолчанката од „Ѕвездите на Гранд“ која беше пофалена од Карлеуша се разголи и ги откри бујните атрибути (фото)

Марија Груевска, пејачката по потекло од Битола, иако пред да се појави во „Ѕвездите на Гранд“ ја имаше и во македонски музички и реално шоу, а настапуваше и на „Макфест“, најголемото внимание го собра од сцената на „Гранд“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ova-retko-se-sluchuva-jelena-karleusha-javno-i-polaska-na-marija-gruevska-vo-dzvezdite-na-grand/

Досега се појавиле доста Македонци, но не секој добива на актуелност како Марија која со специфичниот вокал, стајлинг, па и пропустите во настап, на некој начин остана запаметена. За тоа секако придонесе и коментарот на Карлеуша:

„Висока мода во „Ѕвездите на Гранд“. Многу интересен натпреварувач од Македонија ја пее мојата песна „Управо остављена“ во џез акустична верзија“, напиша Јелена на својот Инстграм за изданието и настапот на Марија од четвртиот круг кој допрва тереба да се емитува.

Марија стана и се поактивна на социјалните мрежи, а не губи ниту време за да биде во фокусот на вниманието.

Овој пат, позираше во бела машка кошула, со разголени нозе и високи црвени потпетици- стајлинг за кој велат дека една жена најсекси.

А Марија, богами изгледа провокативно, секси и раскошно со своите облини.

-Малите девојки кои сонуваат, стануваат жени со визија, пишува битолчанката во описот ставајќи јасно до знаење дека има зацртана цел по која сигурно чекори.

Како ќе се претстави во следното изадние на „Ѕвездите на Град“, останува да видиме…

To top