Сексот е страстен момент во кој што мора максимално да уживате. Но, постојат некои навики кои што можат да го намалат задоволството и да предизвикаат непосакувани последици по сексот.
Ова се три работи кои што жените не треба да ги прават пред сексот:
1. Депилација
Во текот на сексуалниот однос, подрачјето околу препоните и колковите е изложено на прекумерно потење. Токму поради тоа кожата ќе се изиритира доколку пред сексот се депилирате, а како што на многу жени им е познато, некои од деловите можат да добијат и воспалување.
2. Пиење лек против алергија
Лековите кои што ги намалуваат алергиските реакции, како антихистамин, делуваат така што го опуштаат телото. Но, овој лек има моќно делување и на вашата слузница која што е поврзана со целото тело, почнувајќи од усните, па така и до вашите интимни подрачја. Антихистаминот го намалува лачењето на вагиналната слуз поради што сексот нема да биде добар како вообичаено.
3. Одложување на одење во тоалет
Доколку сте се впуштиле во врел момент, а страста е на самиот врв, но чувствувате потреба за одење во тоалет и мокрење, немојте да трпите. Имено, меурот е сместен многу блиску до вагината и секој притисок на истиот и тоа како ќе го почувствувате поради што сексот нема да биде толку многу задоволувачки и опуштен.
извор:кармин/точка.ком.мк