Мит 1. Желбата за секс кај жените е помала отколку кај мажите.
Вистината: Мажите се поимпулсивни, полесно се возбудуваат и полесно ја достигнуваат точката на кулминација. Но, сето тоа не значи дека имаат поголема желба за секс од жените. Жените својата желба за секс ја изразуваат на поинаков начин и подискретно.
Мит 2. Сексот не им е важен на жените.
Вистината: Постои мислење дека жените не сакаат секс и дека повеќе се стремат кон семеен живот, отколку кон сексуален живот. Вистината е дека жените сакаат добар секс исто колку и мажите, но не му даваат приоритет на сексот, како што тоа го прават мажите.
Мит 3. Жените не мастурбираат или го прават тоа ретко.
Вистината: Многу е тешко да се каже колку често мастурбираат жените, затоа што тоа сè уште е табу тема. Некои истражувања покажуваат дека околу 60% од жените т.е. мнозинството мастурбираат.
Мит 4. Сите жени сакаат кунилингус (орален секс).
Вистината: Ова тврдење не треба да се смета како 100% точно. Според едно истражување во Америка околу 75% од жените пробале кунилингус и 45% од нив не се чувствуваат удобно или не им се допаѓа чувството. Заклучокот е дека не сите жени сакаат и уживаат во оралниот секс.
Мит 5. Жените зборуваат помеѓу себе за секс повеќе отколку мажите.
Вистината: Не мора да значи дека е така. Жените кога зборуваат за секс навлегуваат повеќе во детали, но го прават тоа поретко. За разлика од нив, мажите зборуваат почесто за сексот генерално и површно.
Мит 6. Ако вагината кај жената не е навлажнета природно, тоа значи дека не е возбудена.
Вистината: Иако може да е вистина во многу случаи ова тврдење не е точно. Стресот, хормонските промени или лековите можат да предизвикаат вагината да не се навлажни природно.
Мит 7. Жените се романтичарки и сакаат нивните мажи да се однесуваат кавалерски.
Вистината: Иако жените сакаат да добиваат цвеќиња, подароци и љубовни пораки за да се чувствуваат како принцези, сакаат и мажи со бунтовнички дух кои понекогаш велат „не“.
Мит 8. Жените сакаат сексот да биде долготрајна игра.
Вистината: Иако познато е дека жените сакаат предигра, тоа не е закон. Понекогаш сакаат само брз и краток секс.
Мит 9. Жените треба да бидат вљубени за да имаат секс.
Вистината: Не е точно. И жените можат да ја разграничат љубовта од сексот и да имаат секс со некого во кого не се вљубени.
Мит 10. Задоволството кај жената зависи од размерот на пенисот на мажот.
Вистината: Не е точно, затоа што длабочината на вагината е ограничена и G-точката се