Љубов и Секс

Најголемите митови кои се поврзани со сексот за време на бременоста и по бременоста

Најголемите митови кои се поврзани со сексот за време на бременоста и по бременоста

Бременоста не влијае на сексуалниот живот само додека бебето е во стомакот, туку и по неговото раѓање.
Ви откриваме кои се најголемите митови поврзани со сексот за време на бременоста и по неговото раѓање.

Она што повеќето бремени жени знаат е дека не е лесно да се отстранат вишокот на килограми по бременоста, но освен проблемите со вишокот на килограми, може да се појават проблеми и во вашиот сексуален живот.

За повторно отпочнување со сексуалните односи после породувањето, препорачливо е да се почека 6-8 недели, а многу жени ширум светот чекаат и до 12 недели.

Експертите велат дека не постои универзален рецепт за повторно отпочнување со сексуалните односи, а еден од најважните работи е да се разбие митот дека за шест недели се ќе биде исто како порано.

Опоравувањето од породувањето не го вклучува само физичкиот, туку и менталниот дел од вашето битие, а многу мајки често се премногу уморни и поспани поради грижата за бебето, за да можат да имаат сексуални односи. Од друга страна, постојат мајки кои едноставно се плашат дека сексуалниот однос по раѓањето на бебето може да биде болно и тие не се осмелуваат да се обидат.

Ова се некои од најчестите митови кои се поврзани со сексот за време на бременоста и по бременоста:

1. Вашето либидо ќе се намали за време на бременоста

Точно е дека многу жени не се премногу сексуални за време на бременоста, особено во текот на првото тромесечје што изобилува со не толку пријатни симптоми. Но, исто така постојат и жени кои имаат зголемено либидо за време на бременоста. Хормоналните промени може да влијаат на жената за време на бременоста и тие да се чувствуваат многу пожелни и да им биде удобно кога станува збор за сексот.

2. Сексуалните односи можат да му наштетат на бебето

Иако и птиците на гранката знаат дека сексот за време на бременоста не може да му наштети на бебето, овој мит сè уште упорно и тврдоглаво живее меѓу жените ширум светот. Во повеќето случаи, сексот е 100 проценти безбеден за време на бременоста, и за мајката и за бебето. Се разбира, во овој случај има исклучоци. Ако жената има ослабено грло на матката, крварење или патат од состојбата наречена плацента превиа, гинеколог може да препорача воздржување од сексуални односи, бидејќи во овие случаи може да има компликации. Исто така, во текот на бременоста е сосема нормално некои пози во сексот повеќе да не ви се удобни како што ви биле порано. По 15-20 недели од бременоста избегнувајте лежење на грб и пронајдете некои други положби каде што нема да имате притисок врз стомакот.

3. Треба да имате сексуален однос шест недели по раѓањето на бебето

Оние жени кои стануваат сексуално активни шест недели по бременоста се многу малку. Тие шест недели се препорачуваат како минимално време во кое телото треба да се опорави по породувањето, а на многу жени им треба многу повеќе од тоа. Вашите гениталии после породувањето се ранливи, нежни и подложни на инфекции, а на грлото на матката му треба време повторно да се затвори, а за тоа е потребно од прилика шест недели. Ако сте имале епизиотомија, треба да почекате за сексуален однос додека раната целосно не заздрави. Ако прерано се одлучите за секс, ќе ги зголемите шансите за силна болка и инфекција. Обидете се да одржите близок контакт со партнерот на друг начин, но чувајте го подалеку од вагиналниот дел се додека не се излечи целосно.

4. Првиот пат по пораѓајот сексуалниот однос боли

Многу жени навистина се плашат од сексуалниот однос по породувањето, но нема потреба за тоа ако го оставите телото во потполност да оздрави и дајте си себеси време. Во моментот кога ќе почувствувате дека сте подготвени, не треба да бидете особено внимателни. Разговарајте со вашиот партнер за сите стравови што ве мачат и замолете го да оди полека. И не заборавајте да користите контрацепција, дури и ако доите.

 

 

To top