Љубов и Секс

Најчестите причини зошто некои жени чувствуваат болка во текот на сексот

Најчестите причини зошто некои жени чувствуваат болка во текот на сексот

Скоро три од четири жени чувствуваат болка во текот на сексуален однос во одреден момент во животот. Без разлика дали е привремена или хронична болка, таа умее да биде неверојатно фрустрирачка. Но, тоа што е уште полошо е што многу жени трпат болка наместо да побараат помош, пишува Health24.

Постојат неколку потенцијални причини поради кои жените се чувствуваат непријатно или чувствуваат болка во текот на сексот.

Медицински проблем

Болката во текот на сексот често е поттикната од медицинска состојба, смета гинекологот Драион Бурч. Вагинитис или воспаление на вагината предизвикана од габична инфекција или полово-пренослива болест е една од најчестата причини.

„Постојат и структурни недостатоци кои предизвикуваат болка и кои на крај може да имаат потреба дури и од операција, како „превртена“ матка (состојба кога матката е навалена кон грбот)“, вели тој.
Во некои случаи болката може да биде предизвикана и од други фактори како што се ендометриоза, инфекција на бешиката, цисти на јајниците, миоми на матката и слично.

Хормони

„Исто така, може да имате вагинална сувост предизвикана од падот на естрогенот поради стрес, лекови или менопауза“, вели гинекологот.

Естрогенот го одржува екосистемот на вагината и ја прави подмачкана, па какви било флуктуации поврзани со овој хормон може да го отежнат сексот.

Лубриканти

Не ги потценувајте лубрикантите. Иако вагината природно се подмачкува, без разлика на веќе споменатите медицински причини, многу жени чувствуваат сувост на вагината. Лубрикантите може да се најдат многу корисни во такви ситуации.

За да избегнете алергиски реакции, користете лубриканти со природна pH рамнотежа.

Голем пенис

Некои жени имаат проблеми со адаптација на голем пенис, па во тој случај треба да се обидат со промена на позите.

Сексуални трауми

„Жените може да доживеат болка во текот на сексот поради страв од сексуален напад“, вели Бурч.

Во некои случаи, психолошката траума може да предизвика затегнување на вагиналните мускули или грчење во текот на сексот, што обично се нарекува вагинизам. Во тој случај може да се препорача посебен режим на вежби за опуштање на вагиналните мускули.

извор: Кајгана

To top