Според бројни истражувања, во кои испитаниците биле само мажи, а темата на испитување бил бракот од нивна гледна точка, на изненадување на дамите, откриено е дека во бракот, мажите најмногу имаат потреба од следните 5 работи, но исто така многумина се изјасниле дека токму и тие работи најчесто им недостасуваат.
1. Лојалност
Повеќето мажи веруваат дека најдобриот подарок што може да го добијат од нивната сакана е таа да им биде лојална. Тоа не ја означува само физичката блискост, туку и секојдневното мало романтично флертување, кое ќе ја одржи искрата меѓу партнерите. Факт е дека мажите сакаат секогаш да се чувствуваат единствени и најомилени во очите на партнерката.
2. Поддршка
Без разлика колку и да е силен мажот, кога ќе се врати дома, тој сепак сака да се опушти и да добие нежност и љубов од неговата сопруга. Поддршката од партнерката, верувањето во него и да биде разберен од сопругата, мажите ги сметаат овие карактеристики за непроценливи квалитети што ги бараат кај жената.
3. Да се чувствува значаен
Според мажите, од голема важност им е сопругата да го третира како глава на семејството и да му покаже на мажот дека тој е неверојатно значаен за неа, децата, домот и целото семејство. Мажите сакаат да се чувствуваат важни, а со тоа и одговорни да среќата на семејството.
4. Интимност
Зборувајќи за семејниот живот, неизбежна е темата за интимноста. Дури и во моментот овој дел од бракот да не е најважниот, истиот никогаш не треба да биде потценет. Покрај поддршката, мажите сакаат кога нивните партнерки посветуваат големо внимание на нивниот интимен живот.
5. Романтика
Се подразбира, со текот на времето, дури и најидеалните врски понекогаш се притиснати од секојдневието и понекогаш изгледа дека чувствата избледнуваат. Затоа мажите откриваат дека од голема важност е во бракот да се посветува време и на романтичниот однос меѓу партнерите, испробувајќи нови работи, посетувајќи нови места, со што љубовта и страста никогаш нема да згаснат.
извор: нане.мк