Пред 9 години, токму пред Нова Година, на Снеже Велков и се случи најубавото нешто за една жена – стана мајка по вторпат и го доби најубавиот порадок што може да го посака.
Оттогаш помина време, синчето потпорасна, а мама секојдневно има полно срце гордост, среќа, радост, мајчинска љубов…
Кога е работата во прашање, синооката Снеже секогаш е отворена за да сподели детали со јавноста, но кога станува збор за приватноста, таа припаѓа во познатите личности кои се резервирани по оваа тема.
View this post on Instagram
Снеже практикува да ги полни профилите на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, но најчесто со фотографии и видеа од својата секојдневна физичка активност или пак такви од приготвените домашни кулинарски остварувања.
View this post on Instagram
Но роденденот на помалиот син Дарин беше момент за мама Снеже да направи исклучок од своите принципи- да објави постара фотографија и да напише:
-Човечулево денес полни 9 годинки. Мајкин син! Среќен роденден!, пишува Снеже во описот на фотографијата каде во рацете го држи тогаш малото бебенце. Потоа сподели и дека мама си добила празнично подароче на еден таков убав ден.
Потсетуваме, Снеже од 2006 година е во брак со сопругот Дарко и има две синчиња, Дарин и Ален