Доколку сакате да изградите добри односи со својот сопруг или пак партнер, тогаш себеси поставете си ги овие прашања…
1. „Зошто ме сака мојот партнер? Поради што ме цени?“
Доколку сакате да си ја подигнете самодовербата, запрашајте се тоа. Самиот мозок ќе почне да ви „дофрла“ позитивни одговори на ова прашање.
2. „Дали сум со него поради страв од самотија или затоа што навистина го сакам?“
Ова прашање задолжително поставете си го пред бракот. Важно е добро да се познавате себеси, пред да дозволите да станете нечија сопруга.
3. „Што ме привлекува кај него?“
Секогаш размислувајте за позитивните особини на вашиот партнер. Не велиме дека треба да гледате низ розови очила, но водете сметка да ги истакнете неговите позитивни особини.
4. „Што можам да направам за себе за моментално да почувствувам среќа и задоволство?“
Жената која што се почитува самата себе и сопствената среќа, никогаш нема да ја префрла несреќата на својот сопруг или партнер. Таа знае дека самата себе може да си се усреќи и дека не ѝ е потребен маж за тоа.
5. „Зошто сум му вредна на човекот? Зошто вредам самата за себе?“
Секогаш мора да бидете свесни за својата моќ и мора да знаете дека сè е во вашите раце.
извор:точка.ком.мк