Луѓето во долгогодишните врски и бракови знаат дека секоја љубовна приказна има свои падови и издигнувања.
Да, во врската има безброј нежни моменти и периоди кои што се преполни со љубов, но и напнати ситуации кои што се исполнети со кавги и несогласувања.
Флексибилноста и подготвеноста на компромис е исклучително важна за успешна врска, особено кога работите ќе тргнат на лошо. Со отворена комуникација ќе се изгради поцврста врска и ќе се надминат сите проблеми кои што ќе ви застанат на патот.
Од друга страна, тоа нема да биде возможно доколку една страна има константна потреба постојано да биде во право. Иако таа лоша навика често се карактеризира како машка, постојат и многу жени кои што „патат“ од таа навика.
Доколку партнерот има чувство дека постојано треба да биде во право, тогаш нема да биде подговен да го сослуша другиот партнер, нема да сака да го коригира своето однесување и мислење, а врската за некое време ќе заврши со раскинување.
Ескпертите се согласуваат дека во љубовта успешни парови се оние кои што егото го чуваат настрана, односно оние кои што ги надминале своите незрели сфаќања за животот и оние кои што се подготвени со својот партнер да ја планираат својата среќна иднина.
извор: точка.мк