Љубов и Секс

Ги прашала мажите како изгледа нивната идеална девојка, а одговорите најмногу ќе ги изненадат – жените

Ги прашала мажите како изгледа нивната идеална девојка, а одговорите најмногу ќе ги изненадат – жените

Доколку би ги прашале мажите да ја опишат својата идеална жена пред 10 години, сигурно како главни ставки би ги навеле долгите нозе или големината на градите.

Меѓутоа, ситуацијата се променила, а изгледа дека на мажите се помалку им е важен изгледот на дамите, а многу поважна е нивната личност.

Сексологот Трејси Кокс преку социјалните мрежи побарала од припадниците на посилниот пол да ја опишат својата жена од соништата, а одговорите ги изненадија сите – особено жените.

„Првото нешто што ме привлекува кај девојка се нејзините очи“, напишал еден маж, а друг порачал: „Телото не ми е важно, како ниту висината или големината на градите. Најважна е личноста“.

„Немам идеален тип – ме привлекуваат интелигентни, самоуверени и забавни жени, а тие „доаѓаат“ во сите облици, бои и величини“, гласела пораката од еден од анкетираните мажи.

Секако, како што наведува Кокс, некои работи се универзални и поради бројни еволуциски или традиционални причини секогаш ќе ги привлекуваат мажите како облини, широки колкови „за раѓање“, сјајна коса и негувана кожа како знак на добро здравје.

Но, во претходните 10-тина години мажите прилично се оддалечиле од физичкиот идеал како што е Кели Брук и тврдат дека она што не се гледа со око е многу поважно од убавината или бујните облини.

Затоа се поставува прашањето – како во 2020 година изгледа совршената жена? Одговорот е: онака како што вие сакате да изгледа. Убавината е многу повеќе поврзана со внатрешноста, а многу помалку со надворешниот изглед. Истражувањата веќе со години покажуваат дека мажите повеќе сакаат жени со просечен изглед отколку супермодели, како и дека убавото лице им е поважно од доброто тело. Добриот карактер секогаш бил на листата на посакувани карактеристики, а сега е на прво место.

„Мора да постои почетна привлечност, но потполно ми е неважно дали е русокоса, црнка или бринета, висока или ниска. Важно ми е да е грижлива, забавна, љубезна и љубопитна – тоа е она што се цени“, порачуваат мажите.

Како најважни женски особини се наведуваат страста, самодовербата, среќата, ентузијазмот и емоционалната интелигенција, а тоа најдобро го опишал еден од мажите кои одговорил на барањето на Кокс:

„Личноста, креативноста и карактерот ја прават жената одличен партнер во врската и во сексот. А облините, големите гради или долгите нозе се само бонус“.

извор:точка.мк

To top