Ви ги претставуваме десетте најчести вистини, но и лаги за бракот:
Лага: Бракот се заснова на љубов и само со љубовта може да се негува. Љубовта е нешто ирационално, на што не можеме да влијаеме.
Вистина: Бракот во поголем дел се склучува од љубов, која има свој развој, а на развојот на љубовта влијаат двајцата брачни другари. Бракот не се негува со заљубеност, туку со љубов која постигнала зрел и развиен стадиум.
Лага: Секоја љубов трае вечно.
Вистина: Секоја љубов трае, толку, колку што партнерите ја негуваат.
Лага: Бракот е случајност, лотарија, судбина.
Вистина: Бракот не е случај, лотарија или судбина. Бракот е шанса за оние кои се наоѓаат во бракот.
Лага: Ако сексуалните проблеми во бракот се решени, се друго оди само по себе
Вистина: Сексот не е средство за решавање на несексуалните проблеми во бракот. Неговиот квалитет зависи од разрешеноста на сите други проблеми.
Лага: Изворот на брачните потешкотии се различните карактери и различниот пол.
Вистина: Изворот на брачните потешкотии не се различните карактери и пол, туку лошите односи и неквалитетната комуникација. Решението на тие потешкотии не е напуштање на партнерот со различен карактер и барање на поприкладен партнер, туку обострана спремност за заеднички живот и обострано залагање околу одржувањето на квалитетните односи.
Лага: Бракот е единствен и најдобар начин за излез од осаменоста.
Вистина: Само живиот брак, негуван брак, го решава проблемот на осаменоста. Во мртвиот брак и тоа како можете да бидете осамени.
Лага: Во добриот брак нема кавги и судири. Златната формула на бракот е молчи и трпи.
Вистина: Во добриот брак постојат кавги, судири, но од лошите бракови се разликуваат во начинот на решавањето на кавгите и судирите. Молчењето и трпењето се најлош начин за „решавање“ на проблемот.
Лага: Бракот, сам по себе е нешто лошо. Тоа е губење на слободата и индивидуалноста.
Вистина: Сам по себе, бракот не е ни лош, ни добар. Каков ќе биде нашиот брак зависи од нас, кои сме во брак.
Лага: Децата ја даваат смислата на секој брак и го спасуваат ако тргне на лошо.
Вистина: Само добриот брак, децата го прават уште подобар. Децата не можат да го спасат лошиот брак.
Лага: Професионалната и економската самостојност на двајцата брачни другари е гаранција за рамноправен и партнерски брак.
Вистина: Не, тие допринесуваат кон самостојноста на партнерот, но не се услов. Двајцата партнери можат да бидат рамноправни и да се чувствуваат самоуверено, дури кога и само едниот е вработен, а другиот не е.