Како и сите музички изведувачи, Сузана Гавазова не може да има настапи пред публика поради марките за заштита од коронавирусот, но затоа може да им запее на обожавателите преку ТВ екраните и да гостува на телевизиски емисии.
Вчера, таа беше гостинка во утринска програма кај водителката Милена Антовска каде разговараа за актуелнни теми, а Сузе секако запеа пред камерите и ги развесели присутните во студиото и гледачите кои ја следеа програмата.
За овој повод Сузе се одлучила да облече црн тесен коктел фустан кој совршено и прилегаше и да направи физура со ултра долга плетенка која беше во фокусот.
Очигледно на пејачката многу и го прави меракот овој изглед ала Ким Кардашијан која веројатно е инспирација за нашата фолкерка.
Затоа ова издание мораше да се обековечи од секој агол и да се објави на Инсатграм, за оние кои пропуштија да ја видат на ТВ.