Изгледот за мажите е важен, но не и пресуден кога станува збор за вистинската љубов.
Во продолжение, погледнете кои квалитети тие ги ценат повеќе од изгледот.
Не само кон него, туку и кон другите луѓе. Искрената љубезност е квалитет на кој никој не може да одолее.
Мажите сакаат жени кои не сметаат дека се “над” другите, кои стојат цврсто на земјата и ги третираат сите околу нив со почит.
Мажите сакаат жени кои покажуваат интерес за нивните проблеми или дилеми. Кога се болни, тие сакаат некој да се грижи за нив, дури и ако станува збор за најмала настинка.
Од една страна мажите се плашат од самоуверени жени, но од друга страна сакаат нивната партнерка да биде одлучна. Таквото однесување укажува на зрелост и способност за преземање на иницијатива во моменти кога тоа е потребно.
Во вистинските моменти треба да се биде сериозен, но исто така секогаш постои време за шега. Веселата и позитивна жена со смисла за хумор секогаш го привлекува машкото внимание.
Жената мора да има свој живот. Во моментот кога целиот нејзин свет се врти околу партнерот, таа беспотребно се занемарува себеси. Токму затоа една дама не смее да ја отфрли својата независност.
Способноста за изразување и контролирање на сопствените емоции и правилно и вистинско реагирање на туѓите емоции се некои од знаците на емоционалната интелигенција која мажите крајно ја ценат.
Токму како и жените, мажите исто така сакаат лојалност. Чувството дека може да му верувате на партнерот и да се потпрете на него е бесценето.
Извор: Точка.мк