Стапувањето во брак може да биде еден од најдобрите начини за слабеење, покажале резултатите од најновото истражување објавено во магазинот „Personal Relationship“.
Мажите и жените кои припаѓаат на категоријата ‘покрупни’, полесно ќе се ослободат од вишокот килограми, ако имаат поддршка од партнерот – еден на друг ќе си бидат поттик за слабеење, ќе бидат поздрави и ќе изгледаат попривлечно.
Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија следеле 302 доброволци во раните 30-ти години од животот и го провериле нивниот индекс на телесна маса, а потоа двапати годишно во наредните осум години го следеле статусот на нивната врска и бројот на килограми.
Истражувањето покажало дека паровите кога ќе почнат да живеат заедно или кога ќе одлучат да стапат во брак, почнуваат да ја губат тежината. Она што исто така е интересно е фактот дека дури 90 отсто од паровите ги задржале своите здрави навики и имаат подобра фигура во првите осум години од живот под ист покрив, без оглед на тоа дали само живееле заедно или својата врска ја официјализирале кај матичар.
Венчавката очигледно е одличен поттик за борба против вишокот килограми и за поздрав живот, порачале истражувачите.
извор: точка.мк