Љубов и Секс

Зошто жените избегнуваат секс?

Зошто жените избегнуваат секс?

Иако сексот треба да претставува едно од најголемите задоволства, поголемиот број на жени пронаоѓаат различни изговори за да не уживаваат во сексот. Сепак, овие оправдувања можат да се надминат:

Јас сум престара за ова

Стручњаците сметаат дека староста најчесто е прашање на став. Ако се уште можете да дишете, јадете и се смеете, и понатаму треба да бидете отворени за нови сексуални искуства. Здравствените проблеми можат да влијаат на тоа кои идеи или техники треба да ги одберете, но без разлика на се, мислењето дека сексот е само за млади луѓе е потполно неосновано.

Среќна сум и со обичен секс

Многу жени не сакаат добар секс бидејќи страствениот сексуален однос е и физички и емотивно моќен, па не им се допаѓа кога ќе ја изгубат контролата. Интензивен секс значи и интензивна врска, па и интензивна болка ако работите тргнат наопаку. Ако и двајцата партнери сакаат умерен секс, проблеми веројатно нема да има, но ако тоа го мисли само еден од нив, доаѓа до несогласување за сексуалните очекување, а неисполнетите сексуални желби оставаат голем простор за неверство.

Не можам поради децата

Паровите со деца постојано размислуваат дали најмладите ќе ги затекнат во непријатна ситуација. Ако се случи да ве фатат на дело, не паничете. На малите деца треба да им се објасни дека родителите едноставно прават вообичаени работи.

Не сум авантуристички тип и не сакам промени

Екстровентните луѓе сакаат да пробаат нови работи, додека интровентните личности тоа го избегнуваат.Доколку вашиот партнер е најзагрижен, едноставно кажете му дека ќе престанете со промена на сексуалните навики ако не му се допаднат.

Премногу сум срамежлива и би ми било непријатно

На срамежливите личности не им се препорачува да започнат со екстремни промени. Ако ви е непријатно да бидете во центарот на вниманието или не сакате секси играчки, можете да започнете со помалку застрашувачки вести. Друго решение е вашиот партнер да ја преземе доминантната улога.

To top