Љубов и Секс

Oва се 13-те работи за сексот кои сакаат мажите да ги знаат

Oва се 13-те работи за сексот кои сакаат мажите да ги знаат

Корисничка на Редит под прекар „StackKong“ започнала интересна дискусија на таа социјална мрежа, поставувајќи едно прашање: „Што жените би сакале мажите да прават во кревет, а тие никогаш не го практикуваат?“.

Многу кориснички на Редит се вклучиле во разговорот со своите идеи и сугестии за кои би сакале мажите конечно да ги научат и практикуваат во сексот.

Ова се некои од најинтересните одговори на кои мажите и тоа како треба да обрнат внимание.

„Ако девојката ти каже да не престануваш, тогаш не престанувај да го правиш тоа нешто. Немој да правиш ништо поинакво од тоа што го правиш во моментот кога ќе ти каже да не престануваш. Немој да забрзуваш, немој да успоруваш, само прави го истото“.

„Само направи некој звук. Било каков, издиши, dirty talk, било што. Не си во подрум, во кревет си…“.

„Немој да се лутиш ако девојката почне да се допира за време на сексот, тоа е добра работа, не е навреда!“.

„Бидете отворени за промена. Многу мажи се лутат ако им кажеш дека тоа што го прават во моментот не одговара. Тие тоа го сфаќаат како личен пораз. Немојте да бидете такви типови“.

„Не ја забрзувај предиграта. Ако одиш директно на моите гради или клиторис, тоа всушност ќе ги успори работите. Бакнувај ми го вратот, допирај ме со прстите по грбот… Дај си време да се ‘загреам’“.

„Би сакала момците да сфатат дена не мора секој секс да заврши со пенисот во вагина. И не мора секогаш да заврши со негова ејакулација. Понекогаш е доволно само бакнување“.

„Направи твојата девојка да се чувствува сексапилно и надвор од спалната соба. Држи ја за рака, флертувај со неа, допирај ја… Немојте да се чувствуваме како замена за кукла на надувување“.

„Дозволи ми мене да те ‘разголам’. Штом почне акцијата, момците веднаш се соблекуваат целосно голи“.

„Бакнувајте ги вратот и усните почесто, тоа предизвикува возбуда“.

„Секогаш сум сакала некое момче да ме притисне на ѕид и да ме бакнува, но никогаш тоа никој не го направил“.

„Посветете му се на клиторисот, тоа ви е најдобар пријател. На повеќето жени тоа им е најдобар начин за да го достигнат врвот“.

„Не морам секогаш да доживеам оргазам. Едноставно некогаш нема да се случи, немој да се лутиш поради тоа и да се чувствуваш како да не си успеал во нешто“.

„Галете нè после сексот“.

извор:супермен/точка.ком.мк

To top