Љубов и Секс

Прирачник за заведување од 1956-та година: Вака жените ги освојувале мажите во тоа време…

Прирачник за заведување од 1956-та година: Вака жените ги освојувале мажите во тоа време…

Овие правила кои што ќе ви ги претставиме во продолжение, морала да ги почитува секоја една жена.

Еден женски магазин од 1958-та година, направил листа на која што се наоѓале 129 совети како да освоите маж, а некои од нив се толку многу бизарни и смешни што ги шокирале интернет корисниците.

Листата на социјалната мрежа Твитер ја споделила новинарката Џејн Лавендер, а нејзината објава набрзо станала вирална.

„Ова е фантастично. Начинот на кој што можете да пронајдете сопруг во 1958-та година. Неверојатно“ – напишала таа во описот на фотографијата.

На списокот се нашле совети како оние на кои места треба да одите за да најдете вистински маж и точно како да се однесувате за да го привлечете неговото внимание.

Ова се некои од советите кои што се нашле на листата:

– Шетање куче
– одење на курсеви какви што мажите сакаат
– побарајте места каде што има најмногу самохрани мажи
– придружете се во планинарски дом
– одете на различни голф игралишта
– одморот поминете го на различни места
– седнете на клупа во парк и хранете гулаби
– тргнете со велосипед по Европа
– најдете работа на медицински, стоматолошки или правен факултет
– станете медицинска сестра или стјуардеса
– бидете љубезни, особено кон жените

извор:кармин/точка.ком.мк

To top