Резултатите од ова изненадување навистина ќе ве изненадат. Ништо не е така како што мислиме.
Општо важи мислењето дека жените имаат помала желба за секс, но едно ново истражување направено на оваа тема покажа дека мажите први го губат интересот за секс во долгите врски.
Иако, долго се веруваше дека мажите имаат огромен апетит за секс и се ненаситни во текот на целиот живот, најновото истражување на Journal of Sex Research покажа дека нивното либидо е комплицирано како она на жените.
На Универзитетот во Кентаки анализирани се низа податоци, а резултатот е дека мажите го губат интересот за секс од повеќе причини, меѓу кои и притисокот дека тие се тие кои секогаш први треба да иницираат секс во врската.
Индивидуалните проблеми, исто така влијаат на ова. Меѓу нив се еректилната дисфункција, лошото ментално здравје и нуспојави од некои лекарства за болести како депресија и висок крвен притисок.
Нереализираноста и незадоволството на поле кариера, исто така, им влијаат на мажите.
Доколку имате проблеми од овој тип, задолжително разговарајте со партнерот и со вашиот доктор.
извор: Курир.мк