Постојат многу работи за кои дамите мислат дека им се важни на мажите, но во повеќето случаи тоа е сосема неточно. Еве кои 10 работи навистина не им се важни на момците:
1. Кој прв на кого рекол „те сакам“: Најлошото што може да се случи е тоа што тој се преправа дека не ве слуша или започнува да кажува нешто неразбирливо. Но, најверојатно и тој ќе ви каже дека ве сака, без грижи.
2. Кој кому прв му се јавил: Покрај тоа, мажот ќе биде задоволен што сте ја презеле иницијативата и сте го направиле првиот чекор.
3. Дали малку сте се здебелиле: Мажите дури и не приметуваат, освен ако не започнете да му пречите со прашањата дали нозете ви изгледаат премногу дебело во фармерките.
4. Како се согласувате со неговите: Вообичаено, ниту тој самиот не се премногу согласува со нив, така што не очекува и вие да ги обожавате.
5. Колку често се гледате: Два или четири пати неделно, мажот нема да се вознемири или да се пожали доколку сте избрале некоја активност пред него.
6. Каков впечаток оставивте на неговите пријатели: Се подразбира, ќе ви биде мило ако неговите пријатели ве сметаат за прекрасна, но вашиот партнер нема да се вознемири ако не му се допаѓате на некој од друштвото.
7. Што носите: Скап црн фустан или обична маица полна со дамки од кечап, вие сте подеднакво атрактивни за него во било што.
8. Дали носите шминка или нe: Повеќето мажи се едногласни дека го претпочитаат природниот изглед кај дамите.
9. Каде ќе ја прославите Новата година: Тоа е далечната иднина за него.
10.Колку партнери сте имале пред него: Се шегуваме, важно е за нив иако лажат дека не е.
извор: нане