Постојат пози во сексот кои гарантираат врвен оргазам кај двата партнери. Според мислењето на сексолозите, “CAT” позата е најдобра за жени кога станува збор за постигнување на оргазам.
Називот на оваа поза потекнува од “Coital Alignment Technique”, но не грижете се бидејќи не е толку комплицирана како што звучи.
Станува збор за поза која подразбира совршено сексуално усогласување за и двајцата партнери да го достигнат врвот.
Оваа поза е слична на мисионерската: жената лежи на грб додека мажот е врз неа. При секое движење надолу, жената треба да ги собира и стиснува своите нозе. Карлиците на партнерите треба да бидат на исто ниво. Мажот ги поместува колковите напред-назад, додека жената се движи по неговото темпо. Поентата на “CAT” е стимулација на женската главна ерогена зона – клиторис.
Ако се прашувате зошто оваа поза е посебна за жените, одговорот е следен: поинтензивната стимулација на клиторисот ја зголемува веројатноста за оргазам за дури 56 отсто. Доколку имате проблем со постигнување на оргазам, испробајте ја оваа поза – можеби токму таа ќе ви го овозможи вистинското задоволство.
>