Нулта крвна група
Таа е едновремено страстна и самоволна жена. Во креветот таа е „тигрица“ која не знае што е тоа замор и не му дава и на партнерот слободен ден. Со неа е невозможно да се презаситиш од интимни задоволства. Од друга страна таа има стабилен и силен карактер, дури и да чувствува страст, таа нема да дозволи никој да ја искушува.
Жената со крвна група А
Таа се занимава пред се со сопствената кариера и сопствените работи. На неа не и е грижа за сексот, но често отстапува на потребите на својот партнер, понекогаш само за да не го изгуби. Таа е интелигентна и разумна, успешна е во бизнисот и не сака да експериментира во кревет. Овие жени немаат потреба од машки комплименти и пофалби. Затоа мажите се приморани секогаш да ги молат овие жени. Причината е само една – ладнокрвноста на овие жени… на која мажите секогаш паѓаат.
Крвна група Б
Таа го сака сексот, но не му придава големо значење. Таа може многу добро да симулира оргазам, знае кога и како да го пофали мажот за тој да се почувствува супериорен и знае како да го задоволи. Таквата жена го претвора креветот во театар, прво е сексуална лавица, а после невина и срамежлива девојка. Да игра најразлични улоги таа знае најдобро…и да го полуди мажот знае исто така најдобро.
Жената со крвна група АБ
Таа е во состојба да ги излекува сексуалните комплекси на било кој маж. Таа е чувствителна жена, стигнува до оргазам лесно и го сака сексот. Таа може да се адаптира речиси кон сите машки желби и нема ништо против експерименти во креветот. Има ли маж што не го сака ова? Се однесува многу сериозно кон љубовта и редко ги менува партнерите.
извор: Курир.мк