Љубов и Секс

Смислила хит начин да ја пронајде љубовницата од нејзиниот сопруг

Смислила хит начин да ја пронајде љубовницата од нејзиниот сопруг

Во руските медиуми, а и на социјалните мрежи кружи приказна за една жена која што се претставила како Оксана, а која што за локалните медиуми раскажала еден свој настан кој што ѝ го променил животот од корен.

Таа на 23-ти јуни го повикала уредништвото од локалните весници, па раскажала што ѝ се случило во месец јануари, 2020-та година.

Жената, како што тврди, се вратила дома после работа и пронашла обетка на подот од нејзината спална соба.

Веднаш сфатила дека тоа не е нејзина обетка, па се посомневала дека нејзиниот сопруг има љубовница која што ја носи дома.

Жената не му кажала на својот сопруг за нејзиното ”откритие”, но мисијата да ја пронајде својата соперничка сè повеќе ја оптеретувала.

Еден ден решила на социјалните мрежи во група за пронајдени и изгубени работи, да објави оглас со најдената обетка. Напишала дека обетката ја пронашла во градски трговски центар, а приложила и фотографија.

„Во текот на утрешниот ден ми одговори една жена со име Наташа. Ми кажа дека тоа е нејзина обетка и закажавме состанок во трговскиот центар.

Ѝ ја покажав обетката, а таа ја извади другата од чантата. А, потоа ѝ го кажав името и презимето од мојот сопруг.

Беше шокирана, ѝ беше многу непријатно, почна да се мачи, а потоа ми призна сè. Така ја уловив љубовницата од мојот сопруг. Не можев да го простам предавството, па заминав дома. Набрзо потоа се разведов од мојот сопруг“ – заклучила Оксана.

извор:точка.ком.мк

To top