Љубов и Секс

„15 години мислев дека мојата сопруга била девица – ми се заврте во глава кога ја дознав вистината“

„15 години мислев дека мојата сопруга била девица  – ми се заврте во глава кога ја дознав вистината“

Еден 35-годишен маж се разочарал од неговата сопруга која ја запознал пред 15 години.

Не му било важно дали таа пред него спиела со некого. Таа го знаела тоа и затоа излажала дека е девица, исто како и тој.

„Немав никакво сексуално искуство како тинејџер и немав самодоверба. Сопругата неодамна призна дека сепак не била девица кога сме се запознале и дека невиноста ја загубила уште на 16 години. Пред мене спиела со тројца мажи. Се чувствувам многу наивно бидејќи ѝ поверував и не можам тоа да го исфрлам од глава. Болна ми е помислата дека била интимна и со некој друг“, се пожалил мажот.

Тој побарал совет од советничка за брак.

„Таа те сака и те избрала тебе за нејзин сопруг. Испитувањето за сето тоа може да биде вознемирувачко, затоа не заборавај да го избегнеш тоа. Не ги испитувај нејзините постапки од минатото ако не сакаш да ја загубиш“, го посоветувала Деидре Сандрес.

извор:точка.ком.мк

To top