Овој маж ја уловил својата девојка како води љубов со негови двајца пријатели, пренесуваат од „The Sun“.
„Работам со нив заедно. Отсекогаш добро сме се забавувале, но во последно време чувствував како да немам иднина со нив. Имам 23 години, а мојата девојка 20, и не ме разбира.
Кога почна коронавирусот, морав да престанам да работам, а мојата девојка дојде да живее со мене. Првиот викенд во изолација мојот пријател славеше 30 години и беше одлучен во намерата да направи голема забава“ – раскажало момчето.
„На забавата имаше многу алкохол, а јас и мојата девојка многу добро се забавувавме. По полноќ јас престанав да пијам и отидов да си легнам во спалната соба, девојка ми ми кажа дека ќе дојде подоцна. Се разбудив во четири часот наутро, а таа не беше тука. Слегов долу да се напијам чаша вода и останав во шок…“ – додава момчето.
„Мојата девојка беше полугола и водеше љубов со моите двајца пријатели. Истрчав во тоалетот и почнав да повраќам, а потоа си заминав дома. Ѝ испратив порака да не ме бара повеќе, оттогаш не сум ја видел, но постојано ми испраќа пораки дека била опиена и дека тоа што го направила ништо не ѝ значи, но јас не можам да ја заборавам таа сцена.
Наскоро треба да се видам и со моите пријатели на работа, не знам како да се однесувам“ – раскажало момчето.
Извор: точка.мк