„Знам дека многумина ќе нè осудуваат, некои ќе нè поддржат, но ние сме среќни и вам истото ви го посакуваме“ – изјавила Марина.
Инфлуенсерката Марина Балмашева (35) од Русија, која што се прославила во документирањето на својот процес на слабеење на Инстаграм, сега ја шокирала јавноста со признавањето дека се омажила за синот на нејзиниот поранешен сопруг, кој го запознала кога бил седумгодишно момче.
„Никогаш не знаеш што те чека во животот“ – изјавила таа.
Таа се омажила за Алексеј и биле во брак 13 години, а потоа се развеле. Кога нивниот брак завршил, таа започнала врска со неговиот син Владимир (20). Сега ја планираат нивната венчавка.
View this post on Instagram
„Никогаш не знаеш што те чека во животот и кога ќе ја запознаеш личноста на својот живот“ – изјавила таа за „Daily Mail“ па додала:
„Знам дека многумина ќе нè осудат, други ќе нè поддржат, но ние сме среќни и им го посакуваме истото на сите“.
Руските медиуми пишуваат дека Марина со поранешниот сопруг Алексеј посвоиле пет деца и дека таа моментално живее со Владимир и уште три деца кои што ги посвоиле претходно. Останатите две деца живеат со нејзиниот поранешен сопруг.
View this post on Instagram
„Не се чувствувам како стара жена“ – изјавила таа.
„Не се чувствувам како жена која што постојано мора да чисти и готви дома. Поради него се чувствувам млада и среќна девојка“ – изјавила Марина и додала дека не се грижи поради тоа што има 15 години помладо момче и сака со него да го помине остатокот од својот живот.
извор: точка.мк