Љубов и Секс

“Ѝ плаќам на мојата сопруга за орален секс, кога сака да биде интимна и да заработи, таа ми ‘закажува термин’”

“Ѝ плаќам на мојата сопруга за орален секс, кога сака да биде интимна и да заработи, таа ми ‘закажува термин’”

“Ви се чини ли бизарна идејата за плаќање секс на партнерот?” е прашање кое еден маж јавно го поставил, барајќи совет од другите.

Анонимниот Австралијанец открил дека неговата сопруга не е огромен љубител на оралниот секс како него, па за тоа ѝ е потребна дополнителна “мотивација”, пишува австралискиот “News.com”.

Своите дилеми, Австралијанецот ги опишал во прашањето упатено до нивната колумна “Relationship Rehab”.

“Верувам дека моето прашање е поинакво од оние кои ги добивате. Очигледно е дека со текот на времето, во врската се менуваат и работите кои нѝ се важни во сексот. Примањето орален секс за мене отсекогаш било важно, а никогаш не сум имал проблем тоа да ѝ го овозможам и на партнерката. Но, таа ретко кога го посакува.

Низ времето ова стана проблем и предмет на кавга, а колку повеќе притискав, таа толку повеќе одбиваше. Помина една година без орален секс. Бидејќи имаме одвоени банкарски сметки, а таа е неодговорна со финансиите, се сетив на следново – секој пат кога сама ќе одлучи да ме изненади со орален секс, ќе ја наградам со 30 долари.

Постојат и неколку други сексуални погодности кои ги наплаќам, но единствено ако јас го побарам тоа – како мастурбација која ја вклучува и нејзе или пак анален секс. Аналниот секс го плаќам и повеќе.

Кога сака да биде интимна и да заработи, таа ми “закажува термин”. Што се однесува до нормалниот секс, тој е спонтан и се случува еднаш до два пати во неделата. Но, со децата и притисоците од секојдневниот живот, целата работа се сведува на брз и мисионерски секс кој не ми е нешто особено возбудлив.

Моето прашање е, дали таквите плаќања се вознемирувачки со оглед дека ми се чини дека кај нас функционираат. Јас имам посилно либидо и морам да ејакулирам барем два пати на ден за да се чувствувам добро, поради тоа ѝ понудив и такви договори, за двајцата да имаме корист од тоа. Заедно сме 8 години”.

Одговорот му го дала брачната терапевтка Исаја Мекими која открила дека целата ситуација ѝ звучи загрижувачки:

“Во секој случај, тоа звучи како нездрава динамика, а во најлошото сценарио може да звучи и како злоставување. Само затоа што другата страна се согласила на такво нешто не значи дека не е злоставување. Вашиот моментален пристап дефинитивно не гради вистинска брачна интимност и не ги зема предвид потребите и желбите на партнерката”, му одговорила Мекими.

To top