И двајцата имаат по 38 години, заедно се веќе 10 години, а тој не може да доживее оргазам.
Некоја жена која сакала да остане анонимна, ја споделила својата исповед на интернет и барала помош од психолог поради ситуацијата во која се наоѓа со нејзиниот сопруг.
„Мојот сопруг речиси никогаш не го иницира сексот, а во последно време не доживува оргазам во текот на водењето љубов. Заедно сме 10 години, а во брак сме една година. Тој знае дека јас сакам дете и вели дека и тој го сака тоа.
Сигурна сум дека би бил одличен татко, но проблем е дека и двајцата имаме 38 години и времето истекува. Беше на доктор каде што му кажаа дека проблемот е од психолошка природа“ – изјавила оваа девојка.
Одговор на психологот:
„Прво мора да дознаете дали неговиот проблем е во намалената желба за секс или пак тој е под голем притисок и анксиозен е од самата помисла дека би можел да стане татко.
Потребен ви е сериозен и искрен раговот на оваа тема. Ова е многу деликатна тема и можеби е најдобро да вклучите некој експерт во истата кој би знаел да го реши вашиот проблем и кој ќе знае да ви даде добри совети“ – ѝ одговорил некој психолог.
извор:кармин.точка.ком.мк