Кога некој ќе ви ja каже изреката дека љубовта е слепа, веројатно е во право, затоа што честопати ги игнорирате ситниците на почетокот на врската кои подоцна скапо ќе ве чинат.
Откријте ги најчестите фрази кои ги игнорираме на почетокот на врската, а тие се очигледен знак дека врската нема да оди во правецот во којшто би сакале.
„Сè уште не можам да го заборавам бившиот/бившата“
Ова е многу искрена изјава и доколку ја сфатите како збогум, ќе биде многу подобро за вас. Доколку не сакате да бидете некој за утеха, најпаметно е уште на почетокот да ја прекинете ваквата врска.
„Не верувам во брак“
Ова е сопствен избор, но доколку вие верувате во брак и вистинска љубов, и во некој момент сакате да го изговорите судбоносното „да“, тогаш не треба да си го губите времето со некој кој не верува во брачниот живот.
„Кога сум лут/а, кршам предмети“
Ваквиот сигнал не треба да го игнорирате. Ова значи дека сте со емоционално нестабилен партнер кој додека е лут можеби ќе скрши чинија, но во некој момент на лутина, може да посегне и по вас.
„Не знам како е да се биде во долга врска“
Не сметајте дека со вас ќе биде поинаку и не се надевајте премногу на тоа дека ќе го промените неговиот карактер. Доколку ви вели дека не знае како е да се биде во долга врска, ова значи дека ве предупредува.
„Нема проблем ако задоцниш“
Кога некој ќе задоцни, нормално е дека треба да се извини. Но, доколку вашиот партнер нема проблем со тоа што ќе задоцните, значи дека не го почитува вашето време, себичен е и не му е грижа за другите.
„Врската не ми е на прво место“
Доколку партнерот често го изјавува ова, значи дека е фокусиран на кариерата. За да го придобиете неговото внимание, треба да вложите многу во таа врска.
„Не ти треба некој како мене“
Ваквата изјава кажува дека вашиот партнер има ниска самодоверба, а вашата врска ќе се сведе на тоа дека ќе се лажете себеси дека ви е убаво со него/неа, а вие ќе треба да се соочите со неговите проблеми.
Доколку ви вели: „немој да се вљубиш во мене“, имате работа со некој кој сака да си игра со вашите чувства и нема сериозни намери.
„Мојата поранешна девојка беше многу злобна“
На секој може да му се случи во некој период од животот да биде во токсична врска, но доколку ги критикува сите поранешни партнерки, проблемот е во него. Имајте на ум дека доколку раскинете, истото ќе го кажува и за вас.
извор: Кајгана