Љубов и Секс

Најчестите приговори што мажите ги имаат за жените

Најчестите приговори што мажите ги имаат за жените

И мажите имаат список со поплаки за жените, па прочитајте за кои работи најчесто имаат приговор и прашајте го вашиот партнер дали и тој размислува така за вас.

1. Никогаш не им е доста од шопинг
Најверојатно сите мажи во светот мислат дека жените се зависници од шопинг. Тие едноставно не можат да го разберат значењето на шопинг-терапијата и ги вознемирува тоа што жените се во состојба да пробуваат облека и додатоци иако немаат намера да ги купат.

2. Трошат пари импулсивно
Мажите се прашуваат зошто жените не можат двапати да размислат дали навистина им треба нешто пред да го купат тоа.

3. Имаат премногу барања
Жените може да имаат премногу барања дури и кога се уморни, кога имаат главоболка или кога ќе се вратат дома од работа. Една од најчестите поплаки е тоа што жените можат емоционално да ги исцрпат. Мажите не разбираат зошто жените постојано зборуваат за проблеми или за други небитни работи за кои тие не покажуваат интерес.

4. Трошат премногу време за подготвување
Повеќето мажи мислат дека жените поминуваат премногу време пред огледалото без разлика дали се подготвуваат за на работа, за излегување или за нешто друго. Со оглед на тоа што од мажите се очекува само да бидат уредни и во чиста облека, тие мислат дека жените премногу се дотеруваат.

5. Опседнати се со чистењето на куќата
На мажите не им е проблем да облечат веќе носени чорапи или да остават мокра крпа на креветот. Мажите многу често се жалат на опседнатоста на жените со подготвување, чистење и организирање.

6. Потребно им е многу време за да донесат некоја бесмислена одлука
Мажите мислат дека жените се каприциозни во донесувањето одлуки. Од една страна, тие можат да донесат моментална одлука дека веќе никогаш нема да разговараат со својата најдобра пријателка, а од друга страна, им требаат неколку часа за да одлучат која нијанса на кармин да ја купат.

7. Приговараат, особено по стапувањето во брак
Мажите ги нервира кога жените почнуваат да приговараат, без разлика дали тоа е за нивната мајка, сестра, поранешна девојка, тетка или слично. Некои мажи стравуваат дека нивната сопруга постојано ќе се жали од нив откако ќе стапат во брак.

8. Премногу заобиколуваат
Мажите се различни од жените и подобро разбираат кога сè им кажувате директно и отворено, а остануваат збунети кога жените се обидуваат да им кажат нешто меѓу редови. Мажите мразат кога жените заобиколуваат и намерно создаваат компликации таму каде што не треба да ги има.

9. Понекогаш незаслужено ја искористуваат предноста поради полот
Ова не го кажуваат отворено, но не им се допаѓа фактот што жените имаат предност поради полот. На жените им се нуди седиште во преполн автобус, ги носат таму каде што треба или им наплаќаат помалку за влез во некој клуб, а ваквите работи многу ги нервираат мажите.

10. Понекогаш можат да бидат многу чудни
Една од најчестите поплаки е тоа што жените многу брзо го менуваат расположението. Во еден момент тие се насмеани и среќни, а во друг, сè се руши и се претвора во пекол.

извор:кафепауза.мк

To top