Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на една наша национална телевизија, Милена Антовска, на Стара Нова година славеше роденден.
Традиционално, како и секоја година откако работи на телевизија, на денот кога е родена, прославата почнува уште рано наутро со колегите.
Така беше и овој пат, кога Милена повторно беше пречекана со тората на која пишуваше „среќен роденден Милена“, а таа со насмевка од уво до уво ја сечеше тортата на парчиња, па следеше фотографирање со славеничката.
Честитките се редеа и на социјалните мрежи, а освен од најблиските и колегите, доста фанови, следбеници, соработници, и посакаа сè најдобро со искрени желби за уште една исполнета година како што таа посакува.
Славењето продолжи и откако завршија работните обврски, а следен кој и го направи роденденот поубав на Милена, беше нејзиниот сопруг со кого беа во еден скопски ресторан и наздравија со чаша бело вино.
Милена не ги откри годините, но затоа сопругот Гордан беше доста расположен за јавна изјава на емоции преку неговата роденденска честитка.
-Постојано го исполнуваш моето срце со љубов кога ќе те погледнам. Нека твојот роденден биде полн со љубов. Среќен роденден сакана!- напиша сопругот.
Среќен роденден Милена!