Иако љубомората најчесто се поврзува со жените, тоа е емоција што неретко ја чувствуваат и мажите.
Но, нештата на коишто мажите се љубоморни можат да ви изгледаат сосема не логично.
Понекогаш и мажите се соочуваат со несигурност, а следниве нешта ги прават љубоморни:
Вашите пријателки
Додека некои мажи уште на почетокот покажуваат дека се љубоморни на времето што го минувате со пријателките, кај други оваа љубомора се појавува подоцна. Одредени истражувања покажале дека партнерите се љубоморни на луѓето со кои минувате многу време.
Вашите колеги
Овој вид љубомора најчесто се појавува поради не познавањето на луѓето со кои работите. Најчесто, мажите ги доживуваат колегите на партнерката како невидлива закана.
Времето што го минувате во теретана
За вашиот партнер, теретаната е место полно со други мажи кои наместо да вежбаат, флертуваат со вас. Ако имате личен тренер, љубомората на партнерот може да биде уште поизразена.
Мобилен телефон и социјални мрежи
Мажите се љубоморни и на социјалните мрежи, особено ако минувате многу време на нив. Исто така, понекогаш љубоморат и на пораките и повиците доцна навечер, без разлика дали ви се јавува пријателката или некоја колешка.
Вашето хоби
Доколку сте целосно посветени на вашето хоби и секој слободен момент го минувате со тоа, вашиот партнер може да покаже знаци на љубомора.